ОБНОВЕНО: Стасаа 62 барања за амнестија до 15 часот во Кривичниот суд

340

Во скопскиот Кривичен суд денеска до 15:00 часот пристигнати се вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија, од кои 27 во одделението за Организиран
криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни.

– Согласно Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, ја информираме јавноста дека денеска до 15:00 часот, во Судот се пристигнати вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни – соопшти Судот.

Оттаму напоменуваат дека рокот за поднесување важи и денеска и дека ќе бидат земени во предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до Судот по пошта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...