Од страна на Основното јавно обвинителство Прилеп поднесен е Обвинителен предлог против одговорното лице на Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија „Маркукуле“ – Прилеп поради сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 2 и во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Јавното обвинителство на РМ.
Осомничениот од септември 2015 до декември 2017 година, како одговорно лице – Претседател, во вршење на неговите овластувања и должности ја искористил својата службена положба и овластување со тоа што за себе и за други противправно прибавил поголема имотна корист. Имено,тој спротивно на член 12 и член 50 став1, 2 и 3 од Законот за Здруженија и фондации, како и спротивно на дејноста за која се регистрирани и целите определени во член 1 од Статутот на здружението, вршел профитабилна дејност.
Осомничениот во наведениот период вршел медиумски услуги во форма на рекламирање на правни лица од стопанска и нестопанска дејност на интернет порталот www.markukule.mk