Беговиќ: Заев гарантира поголеми плати за здравствените работници

188

Добивме сигурни гаранции од премиерот дека завршно со првиот квартал доколку овие трендови во економијата продолжат дека дел од тоа ќе оди за зголемување на платите на здравствените работници, изјави денеска претседателот на Синдикатот на Клиничкиот центар, Горан Беговиќ по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека разговорите ќе продолжат.

Заедно со претставници од Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување, потенцира, ќе се најде решение да се намали револтот кај здравствените работници.

– Кога ќе заврши кварталот, кога ќе се види во каква состоба е буџетот и со нов негов ребаланс би се зголемиле коефициентите за здравствените работници. Има разбирање дека доколку овие позитивни трендови од овие два последни месеци во однос на македонската економија и буџетот продолжат завршно со првиот квартал веднаш ќе се пристапи што може од тој буџет, тие приходи повторно да се внесе во платата на здравствените работници и другите вработени во Клиничкиот центар – рече д-р Беговиќ.

Тој појаси дека премиерот на средбата им укажал дека буџетот е изгласан во Собранието, дека има големо разбирање за здравствениот персонал и дека тоа што го ветиле во програмата сака и се надева дека до крајот на 2020 година ќе го реализираат.

– Разгледуваме можности. Дадовме и ние понуди. Заедно со министерот за здравство и со Министерството за финансии ги разгледуваме дали има можност да се најде решение оваа состојба на персоналот на Клинички да се смири – нагласи Беговиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека имаат ветување од министерот за здравство, па и сега од премиерот дека паркингот ќе се врати во владение на Клиничкиот центар.

– Сега се бараат модуси како тој паркинг ние ќе го управуваме, менаџираме. Мислам дека паркингот ќе биде во надлежност на Клинички центар – додаде д-р Беговиќ.

До денешната средба дојде по протестот на вработените во Клиничкиот центар по одлуката на Град Скопје да им ја зголеми цената на месечниот билет за паркирање од 300 на 800 денари. Откако немаше решение околу нивното барање да се поништи одлуката тие побараа разговор со премиерот за да го искажат незадоволството од најавеното зголемување на платите за здравствените работници од јануари следната година, со кое се предвидува зголемување на платите на докторите за 10 отсто, а на медицинските сестри за пет отсто.

Фото: МИА

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...