Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против прилепчанецот С.А. (19) за сторено кривично дело ,,полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
Во периодот од 3.12.2018 до 11.12.2018 година во Прилеп, во напуштена куќа, пријавениот престојувал заедно со тринаесетгодишна девојка, при што имале и полови односи.