Скопје за една година доби нови 14,6 километри патеки за велосипеди

372

Градот Скопје денеска ги презентираше изградените велосипедски патеки во Скопје во текот на изминатава година и ги најави велопатеките што ќе се градат наредната година.

– Во последните 14 месеци, по доаѓањето на новата градска администрација, изградени се и реконструирани 14,6 километри велосипедски и пешачко-велосипедски патеки во вредност од 56,5 милиони денари. За прв пат се изградени велосипедски патеки на градските улици во општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров, а изградени се и нови велопатеки во општините Карпош, Центар и Гази Баба – рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Градот Скопје изработи и мапа за илустрација на изградените велопатеки во градот, како и за делниците што ќе се градат во наредниот период.

Сите патеки се изведени во согласност со стандардите кои предвидуваат слеани рабници, заобиколување на автобуските станици, соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и заштита со столпчиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...