Во гостиварската полициска станица, утрово приведени се единаесет лица кои работеле како танчарки и пеачки во кафеана во гостиварското село Чегране.
Според СВР Тетово, полициски службеници во периодот од 22 до 5 часот, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Баке-ком“ во Чегране, сопственост на 48-годишен жител од ова село.
– При контролата, во објектот се затекнати 11 женски лица, од кои девет од Република Албанија и две македонски државјанки, кои биле ангажирани како пејачки и танчарки – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Албанските државјанки на возраст од 20 до 40 години, биле приведени во Полициската станица Гостивар и по кусото задржување предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.