Во сведочењето на рочиштето за случајот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на синот на Фијат Цаноски, Сефер рече дека побарал помош од неколкумина политичари и бизнисмени да се сопре рушењето. Тој спас барал кај Орце Камчев, Муса Џафери и Али Ахмети, но му било одговорено дека тогашниот премиер Никола Груевски го координирал уривањето на „Космос“.
Цаноски вели дека Ахмети по телефон му објаснил како стојат работите .
– Пред да доаѓаш, јас се слушнав, поради тоа што татко ти ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отишол со СДСМ, а не дошол ниту со ДУИ, многу тешко тој случај би се решил – сведочи Сефер Цаноски.
Тој во сведочењето рече дека за помош се обратил и до бизнисменот Орце Камчев. Според Цаноски, бизнисменот му рекол дека тој е близок со Сашо Мијалко, кој не бил поврзан со случајот, и додал дека му било кажано оти уривањето на објектот го координирал Груевски.