Прегазени две старици на крстосница

542

Две постари жени биле прегазени од автомобил, вчера во скопската населба Шуто Оризари, информира МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на крстосницата од улиците Смилевска и Жеденска. Тогаш автомобил „мерцедес“ управуван од Л.Ј. (25) од Скопје удрил во пешаците Т.К. (79) и Р.А.(82), двете од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош Т.К. била пренесена во Градската општа болница “8 Септември“ каде што и биле констатирани тешки телесни повреди, a потоа била префрлена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде била задржана на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...