Осумдесет и едногодишен маж од Хрватска со пила ја нападнал 70-годишната сопруга. Таа имала исекотини по главата, вратот, а на раката и недостасувале два прста кои тој и ги отсекол.
Синот на жртвата дошол на време за да ја спаси мајка си. Тој ја слушнал како таа вришти и ја разбил заклучената врата.
Напаѓачот е уапсен и одреден му е притвор, пренесува Курир.рс.
Неговата постапка ги шокирала соседите, кои мислеле дека тој е мирен човек.
Нападнатата му била втора сопруга, првата му починала. Двајцата имале деца од претходните бракови, а се запознале и живееле заедно во Австрија со години. Пред неколку месеци се вратиле во Хрватска.