Успесите на Ливерпул оваа сезона може да резултираат со нов спонзорски договор на рекорден износ.
Според „Дејли мејл“ клубот преговара за обновување на актуелниот договорот со добавувачот на спортска опрема „Њу Баланс“. Новиот договор може да чини 80 милиони фунти.
Доколку се постигне согласност за новиот договор, тоа ќе значи рекорд во Премиер лигата. Досегашниот рекорд го држи Манчестер јунајтед, кој добива 75 милиони фунти од „Адидас“.
Ливерпул е лидер во Премиер лигата по 18 кола со четири бода предност во однос на Манчестер сити.