Полицајците од СВР Велес во текот на вчерашниот ден кај две лица заплениле повеќе од 3.200 петарди и огномети.
Заплената ја направиле кај две лица, едното 52-годишен жител на Тимјаник, а другото е 57-годишник од Долни Дисан.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.