Иванов: Да направиме сè и на овие празници различностите да нѐ зближат

85
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Претседателот Ѓорге Иванов го честита денешниот празник, католички Божиќ и порачува да направиме сѐ различностите да нѐ зближат.

„Рождеството Христово – Божиќ како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството го симболизира новиот живот кој значи нов почеток и нова надеж. На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина. Да направиме сè и на овие празници различностите да нѐ зближат, а вредностите кои нè обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме. Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските исполнети со љубов и топлина“, пишува Иванов во честитката.

ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...