На Трамп му е чудно што седумгодишник сѐ уште верува во Дедо Мраз

337
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија и годинава учествуваа на традиционалната телефонска интеракција со деца во Северноамериканската команда за воздушно-вселенска одбрана (НОРАД), па на лидерот на САД повторно му се случи своевиден гаф.

Имено, при еден повик од седумгодишно момче, Трамп го праша дали сѐ уште верува во Дедо Мраз, оти „на седум години, тоа е веќе на маргините“, притоа смеејќи се така што не успеа ни да го слушне одговорот.

Канадско-американската НОРАД десетици години „го следи“ патот на Дедо Мраз низ светот, а во таа забавна програма редовно е вклучен и претседателот кој прифаќа повици од најмалите гледачи.

Сѐ почнало од грешката на весник во 1950-тите, поради која едно дете се јавило на приватниот телефон на генерал и го прашало за тоа каде е Дедо Мраз во моментот. Таа анегдота ја изроди идејата која стана традиција и трае до денес.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...