Џабе ли мрчиме?

885

Какво значење и вредност имаат повеќе нотирањето и денунцирањето на сите некохерентности, празни ветувања, лаги и измами на оваа власт?

Од аспект на политичка корист, немаат никаква вредност.

„Ќе гласаат за мене дури и да пукам врз човек на улица“, кажа еднаш Трамп, и во право испадна.

Крајот на идеологиите, за жал, не се поклопи со крајот на партиите и клиентите. И понатаму важи правилото – „ние“ сме во право, а „тие“ грешат, и сега ќе се помириме околу тоа што „ние“ го диктираме.

Небитно е повеќе кој го вее белото знаме, дали е мудар или прост, генијалец или преварант, битно е да се вее „моето“ знаме.

Така што не е скандал повторно отсуството на секаква одговорност, пример кај Спасовски, или секојдневните лаги како економијата цвета, потпрени со нови ветувања за „економска 2019-та“ (слоган украден и никогаш реализиран од Груевски). Никој не се замара со одговорности или лупетања.

Така што, која е вредноста, дали на празно мрчиме, џабе ли веземе кога ќе кажеме дека лагите остануваат само лаги, дури и кога носат победи на избори?

Вредат, другари, зашто добро му прават на достоинството на тој што ги нотира, зошто добро правите за достоинството на сограѓаните кои не сакате да живеат во заблуди, добро правите за достоинството на фактите.

Како механичари на парламентарната демократија, кои во отсуство на слободни парламентарци и чесни политичари, ја одржуваат машината во надеж дека утре моторот на демократијата повторно ќе проработи. Тогаш, некогаш, механичарите ќе можат да кажат, вредеше маката.

(ФБ статус на авторот)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...