Сајтот на руската Централна избирачка комисија бил под хакерски напад од ај-пи адреси од 15 држави. Тоа го изјави претседателката на ЦИК, Ела Памфилова.
Таа рече дека денеска меѓу два и пет часот ноќеска бил регистриран напад врз сајтот на Комисијата.
Пикот бил во 2:20 по московско време.
Изворите на нападот биле од 15 држави, нагласи Памфилова и прецизира дека биле нападнати и низа медиуми.