Весело патување кон смртта

Со осакатена и нефункционална, испокрадена и однесакана држава, Македонците немаат никаква шанса ако се решат работите да ги вратат на почетното ниво со некаква воена конфронтација. Освен ако синот на Солза не се врати да погине за Македонија. Тоа значи дека битката против албанскиот јазик ќе ги остави Македонците и без македонскиот јазик.

1301

По втор пат во последните неколку месеци, Еди Рама рече дека без Албанците нема Македонија. Славниот мислител мисли на вољата и на интересот на Албанците. Ова појаснување е важно затоа што некои од хистеризираните шовени од македонската етничка страна, можат да помислат: ха, па ајде да пробаме, нека си ги земе Еди македонските Албанци кај себе, па да видиме дали Македонија ќе ја има или нема да ја има. После оваа објаснување можеме комотно да утврдиме дека господинот Рама е во право. Вистината во неговото тврдење е толку неспорна што не бара никакви дополнителни елаборации, тоа е исто како да кажал дека без кислород во Македонија нема да има живот. Добро, Албанците не се кислород, прво, не се толку ретки и воопшто не се безбојни, но поентата е јасна.

Македонците имаат на располагање две опции. Теоретски. Практично имаат само една. Односно немаат ниту една со која би можеле да се надеваат на позитивен резултат од аспект на својата етноцентрична односно македоноцентрична позиција Тоа е реалноста.

Значи, тие можат да се обидат да ја совладаат вољата и интересите на Албанците, институционално, административно, политички или насилно, за што цело време многу убедливо покажуваат дека не се способни или да ја хармонизираат државата и себе си со вољата и интерсите на Албанците, работа што во крајна инстанца ќе значи изедначување на правата и обврските по сите основи, односно апсолутна рамноправност.

Хистеризираната нација, меѓутоа, покажува отсуство на деловна способност. До нивото на кое не е во состојба да носи рационални решенија. Постои интенција низ безброј срамни манифестации да се отфрли Законот за јазиците односно да се отфрли втората опција за која зборувавме погоре. Таа битка против Законот е многу силен знак за неосвестеноста на Македонците или за свест со која ја отфрлаат реалноста, лузерска, патетична и морализаторска поза, алиби грижа за државата на умирање кон која цел живот не покажале ниту минимум одговорност и љубов.

Можни се разни форми и брзини на распаѓањето. Едната е Албанците да излезат од заедничките институции и да формираат свои, односно институции во кои албанскиот јазик, меѓу другото нема да биде второкласна категорија и нема да служи за утврдување на чувството на супериорноста како што беше случај со македонскиот фактор во заедничката држава. Кон тој потег можат да бидат стимулирани и со нерешавање на проблемот со името со што Макекедонците ги влечат со себе во балканската кал и Албанците. Значи гравитациската моќ на оваа и ваква Македонија е падната безмалку на нула. Ако на тоа ги додадеме руските пенетрации и интереси да се конфринтираат со Западот и на овој простор (сега се поставува прашањето зошто работите не беа решени кога Русија беше аут) таа моќ паѓа под нулата затоа што Албанците немаат дилеми со кого ќе одат додека кај Македонците такво единство не постои.

Со осакатена и нефункционална, испокрадена и однесакана држава, Македонците немаат никаква шанса ако се решат работите да ги вратат на почетното ниво со некаква воена конфронтација. Освен ако синот на Солза не се врати да погине за Македонија. Тоа значи дека битката против албанскиот јазик ќе ги остави Македонците и без македонскиот јазик. Освен ако на територијата што ќе падне под контрола на Албанците, со главен град Скопје, разбира се, овие нема да посакаат да го доведат македонскиот јазик на нивото на кое е доведен албанскиот со Законот за јазиците.

Така што оваа битка не е битка за Законот за јазиците туку е битка за Македонија. Злосторничкото здружување на вмро-дпмне кое стои зад протестите го боли курот за македонскиот јазик и за Македонија. Тие го знаат тоа што е погоре напишано и затоа демонстрираат, Законот за јазиците им е инструмент за убиство на Македонија, а не за спас, како што впрочем беше и со темата за името. Али Ахмети го подржуваше Груевски затоа што знаеше дека овој ја уништува Македонија и по таа линија ја крева вредноста на државните обврзници на Албанците. Таа вредност дополнително расте и во аранжманот со Заев така што туку ДУИ ја користи идејата за спас на Македонија, проткаена со не мали наивности.

Вториот мотив на опозицијата е да се врати на власт преку поништувањето на Законот за јазиците, на некакви предвремени избори. Обаче, ако Законот падне, нема да има никакви избори. Нема да има држава. Тоа е третиот мотив на злосторничкото здружување за кревање на оваа хистерија затоа што ако тоа се случи нивните бандити што ја уништија державата нема да има кој да ги прицесуира.

И на крајот уште нешто:

Јазикот е фундаменталниот проблем на Македонците. Не албанскиот, македонскиот јазик. Тој ги плафонира и хендикепира во ориентацијата во политичкиот простор, мисловната и расудувачка и синтетизирачка зона им ја прави ласерски тесна, сетот на комбинации тука е строго ограничен, а можностите за интерполации се речиси никакви, тоа е причината поради која Македонците во континуитет носат погрешни одлукi и упорно патуваат кон својата пропаст, доста весело, како што може да се забележи. Тој хендикеп може да се совлада со развој на јазикот и културата но и со влез во други јазични култури, а не со отпор кон тоа богатство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...