Болничари и хигиеничари од психијатрската болница во Демир Хисар, ангажирани со договор за дело, од денеска стапија во штрајк со барање да им се реши статусот. Велат дека се ангажирани во оваа здравствена установа без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Договорите им се до 1 јануари, но нема да се варата на работните места доколку не добијат решение за вработување јави Телма.
– Дали може психијатрскиа болница да опастане без хигиеничар и без болничар? Ние не сме против вработување на медициски кадар и лекари, но што станува со нашето вработување – вели Натка Велкова, хигиеничар во психијатрсиката болница во Демир Хисар.
Дел од нив се ангажирнаи пред една година, а некои работат по 6 години. Во повќе наврати добивале ветувања дека ќе им се реши статусот.