И Талат Џафери опеан во песна како жива легенда (ВИДЕО)

798

Извесна Линда Морина од Косово пее песна во која вели дека претседателот на Собранието Талат Џафери е „живата легенда“.

Досега како херој повеќе пати е опеван лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Според снимката која што се појави на социјалните мрежи, Морина пее за „блиската средба“ на Талат Џафери и Никола Груевски за време на изгласувањето на Законот за јазици минатата недела.

„Талат Џафери – жива легенда“, е насловот на песната.

Песната има скоро 35.000 прегледи.

„Талат Џафери жива легенда, со Никола Груевски се судри.

Никола Груевски го спречуваше на местото Талат Џафери. На јунакото око не му трепна.

Во Парламентот на Македонија се донесе Законот за албански јазик на 15 март

За сите Албанци честитки и успеси“, се вели во песната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...