Хрватскиот фудбалски интернационалец Никола Калиниќ нема д абиде во составот на Џенаро Гатузо на денешната средба со Киево.
Иако се тврди дека причината е повреда, според пишувањата во италијанските медиуми, Калиниќ е отстранет од првиот тим поради недоволно залагање на тренинзите.
Тренерот Гатузо не сакаше да ја коментира одлуката за изоставувањето на Калиниќ од тимот.
Хрватот дојде во Милан на позајмица и досега има 29 настапи, четири голови и шест асистенции.
Фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO