Поради појава на магла намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Групчин – Тетово, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива тековно по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.