Нема затвор за ФБИ агентот кој рани човек додека танцуваше (ВИДЕО)

315
ФОТО: Принтскрин

Агентот на Федералното истражно биро (ФБИ), кој случајно рани човек додека танцуваше и чие видео се споделуваше по социјалните мрежи, нема да оди во затвор, пренесува „Телеграф“.

Чејс Бишоп бил на одмор кога посетил ноќен клуб во Колорадо. Додека танцувал и се превртувал, неговиот пиштол паднал на подот. Кога тој се обидел да го земе, куршум завршил во ногата на 24-годишниот Том Редингтон.

Првата помисла на Редингтон била дека „некој идиот испукал петарда или нешто слично“, пред да си погледне во ногата која крварела.

Редингтон кажал пред судот дека ја изгубил работата и дека можно е повеќе никогаш да не може да трча поради раната.

Тој рекол дека не го обвинува Бишоп и оти не смета дека треба да лежи во затвор.

– И јас сум правел глупави работи во барови со цел да импресионирам девојки – додал тој.

Бишоп доби две години условна казна и парична казна од 1.200 долари, а му беше наредено и да му даде компензација на оштетениот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...