Груевски до Латас во „бомбите“: Договараме со ДПА, да го за*беме Заев

Во разговорите Латас и Тодоров, зборуваат и на теми кои не се поврзани со изборите и гласањето во ДИК, па во еден тие зборуваат и за Бранко Црвенковски дека бил на концерт на Џастин Бибер во Виена.

1273
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Со слушање на нови аудио разговори предложени од Специјалното јавно обвинителство кои се „реплика” на доказите на обвинетите, а се однесуваат на гласањето во ДИК, во Кривичен продолжува судењето за предметот „Титаник 2”.

Во „бомбите” се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски и новинарот Драган Павловиќ Латас на 28.03.2013 година разговараат за тоа дека има повторно гласање на неколку места во Македонија.

Во разговорите меѓу нив двајца, кои се важн за овој предмет, Груевски кажува и: „Договараме со ДПА, они да нè поддржат, да го за*беме Заев”,

Во друг разговор наредниот ден поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му вика на новинарот Латас дека од „нешто треба да прават драма три дена“, на што Латас пак вели дека ќе „видиме колку сега Заев кошта”.

Од аудио разговорите можеше да се чуе и како разговараат Латас и екс министерот Никола Тодоров. Тодоров му вика на Латас дека „драма се случува во ДИК“ и „за Кичево и Струмица да се збори цела недела“ бидејќи „се случил мега скандал за кој Латас треба да го објави“. Во друг разговор Тодоров му се јавува на Латас да го информира за гласњето во ДИК и му вели дека „Друже Лаки… ДПА во ДИК гласаше за нас, а ДУИ за СДСМ против, така да добиваме, 4:3 за нас”.

Во разговорите можеше да се слушне и како Тодоров му вика на Латас: „Падна Струмица, ги поебавме во задна минута. ДПА гласаа за нас, паѓа Заев“.

Во разговорите Латас и Тодоров, зборуваат и на теми кои не се поврзани со изборите и гласањето во ДИК, па во еден тие зборуваат и за Бранко Црвенковски дека бил на концерт на Џастин Бибер во Виена.

Наредните разговори се меѓу Латас и Тодоров. Темата на разговор е повторно за гласањето на ДИК, но и тие го споменуваат и Бранко Црвенковски кој наводно бил во Виена на концерт на Џастин Бибер.

Случајот „Титаник 2“ се наоѓа во доказна постапка и се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...