Забрана за божиќни украси во четири кинески градови

134

Најмалку четири кинески градови и еден цел регион забранија божиќни украси на улиците, христијанските цркви се предупредени да не пуштат деца за време на божиќните празници, а најмалку 10 училишта низ целата земја забранија во нивните објекти да се слави Божиќ.

Во повеќето делови на Кина, масовните божиќни купувања и размена на подароци се широко распространети, но највисоко политичко ниво на владејачката Комунистичка партија, акцентот го става на традиционалната кинеска култура. Во времето на претседателот Си Џинпинг, потиснувањето на религијата е системска практика која му се заканува и на Дедо Мраз, коментираат светските агенции.

Тешко е да се добие целосна слика за тоа колку широко се распространети забраните за прослава на Божиќ, но истражувачите велат дека овие забрани се интензивираат за време на владеењето на Си. Се чини дека не постои централно организирана кампања против Дедо Мраз, туку расте отпорот кон „увозни“ традиции од страна на локалните власти кои сакаат да го поддржат бранот растечки културен национализам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...