Шеесет и двегодишниот актер Том Хенкс ја продолжува репутацијата на добар човек. Оскаровецот ги изненадил фановите во ресторан во Калифорнија и платил за неколку од нив.
Видеото на Фејсбук го сподели неговата обожавателка Рене Чавез.
Хенкс јадел заедно со неговата сопруга, актерката Рита Вилсон.
Друга обожавателка споделила фотографии од парот како јаде бургери, а потоа како Хенкс разговара со еден од вработените и прави селфи со фан.
– Том се фотографираше со сите оние кои изразија желба за такво нешто. Тој беше љубезен, се смееше, зборуваше со сите, ни посака и среќен Божиќ – изјавила таа за „Е! News“.
Look who visited Fontana In N Out! Woody himself, Tom Hanks, and he bought lunch for everyone! Nice! pic.twitter.com/LcNGr9S7X0
— Oak Park Elementary (@FUSD_OakPark) December 22, 2018
ФОТО: Твитер