Ердоган: Центарот на Африн е под целосна контрола на сириските борци поддржани од Анкара

268

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека центарот на сирискиот град Африн веќе е целосно под контрола на сириските борци поддржани од Анкара.

Сириските бунтовници поддржани од Турција влегле денеска во градот Африн и презеле контрола врз дел од градот откако курдските Сили за заштита на народот се повлекле.

Тоа го изјави портпарол на Слободната сириска армија Мохамад ал Хамдин. Според него, борците на Слободната сириска армија не наишле на отпор.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека турската армија и сојузниците сириски бунтовници зазеле два кварта од градот Африн, но борби траат и понатаму, јави АФП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...