СДСМ: Со секое обраќање Мицкоски потврдува оти е недостоен за Македонија

710

Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ за кои зборува Мицкоски, за 11 години иселија 600 илјади граѓани, завршија. Македонија сега има јасна иднина, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.

– „Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмладокот на сопствената партија. Саде црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан Мицкоски, левата рака на Никола Груевски. Друго и не може да се очекува од него, со секое ново обраќање Мицкоски потврдува дека е недостоен за Македонија и неспособен, дека нема план, нема визија. Црнила беа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално протераа 600.000 граѓани, пред се млади во потрага по подобар живот – се наведува во соопштението.

Оттаму велат дека Македонија живеела во изолација без иднина, без насока, далеку од ЕУ и НАТО.

– Денес Македонија е на сигурна шина кон иднината и цврсто чекори кон НАТО и ЕУ, кон интеграција. Црнила се тепњето на студентите од страна на режимот, експериментите во образованието и потценувањето на младите. Денеска младите се партнери на добрите политики, слободни, со јасна перспектива на земја која чекори кон иднина, кон НАТО и ЕУ. Црнилата се 11 години намерно осирмашување на граѓаните од страна на  ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицковски, додека сега од ден на ден се намалува сиромаштијата и парите се враќаат назад кај граѓаните. Црнилата беа малтретирањата на граѓаните и фирмите, „пиштење-вриштење„ со нарачни казни и затворање на фирмите, денеска казните се намалени за 75 отсто. Времето на црнила заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија чекори кон подобро утре – стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека „секој ден сме се поблиску до ЕУ и НАТО“.

– Секој ден сме чекор понапред во борбата со сиромаштијата. Чекор по чекор ги подобруваме условите за живот на најранливите, на осиромашените. Работите се менуваат, проблемите се решаваат – се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...