„Плејбој“ го промовира својот прв модел со избричена глава – како што таа открива во интервју за култниот магазин за мажи, дека нема намера повторно да ја порасне косата.
– Искрено, бев само изморена од изгледот како и сите други – рекла Вендела Линдблом (23), манекенка со шведско-бразилско потекло. Таа е првата „ќелава“ зајачица на „Плејбој“ која ќе је краси зимската насловна страница во јануари 2019 година.
Иако пред пет години имала долга коса, ја избричила главата за, како што реклa, да се истакне од останатите.
– Јас сум „онаа ќелавата девојка“, така ме нарекуваат додека одам по улица. Но, тоа не допира до мене – објаснила манекенката која претходно била опседната со косата. Вендела додала дека соблекувањето за „Плејбој“ бил тест на храброста и самодовербата.
Но, кога ги ставила фотографиите на Инстаграм, многумина брутално ја навредиле, па ги отстранила сите голи фотографии од својот профил.
„Одвратно, каква е тоа жена без коса, гради и задник. Премногу си слаба за да бидеш пример за жените, не можам да те гледам“, бил само еден од грдите коментари на нејзиниот изглед.
Сепак, Вендела одлучила да ги игнорира негативните коментари и наредниот ден повторно почнала да ги објавува своите голи фотографии.
– Луѓето често погрешно ме осудуваат пред да ме запознаат. Мислат дека поради избричената глаца сум многу лоша и опасна. Во реалноста јас сум многу срамежлива. Еден пријател ми рече: „Изгледаш многу опасно, но длабоко во себе ти си мека“, рекла Вендела.
Нејзиниот уникатен изглед ѝ донел многу понуди за работа и поради тоа е среќна што донела драстична одлука и ја избричила главата.
– Сфаќам дека мојот изглед не е за секого. Важно е да се остане позитивен, да се концентрирате на својата цел. Ќе го добиете своето „да“ кога ќе дојде вистинското време за тоа – заклучила Вендела.
ФОТО: Инстаграм