Ако Либерал – демократската партија на претседателските избори настапи самостојно , нејзин кандидат ќе биде Ангелка Пеева Лауренчиќ, за Плусинфо потврди извор од раководството на партијата.
Ова не е прв ангажман во политиката за Лауренчиќ. Пред да се соединат либералите и демократите, таа беше претседател на Либерална Унија на Млади, а беше и пратеник од редовите на ЛДП од 2002 до 2006 година.
Од политичките, таа потоа премина во бизнис водите. Веќе 15 години е на чело на една од најголемите агенции за односи со јавноста во Република Македонија, „Имиџ ПР“.
Таа е родена во 1969 година во Штип. Мајка е на две деца.
Нејзиниот покоен сопруг, Иво Лауренчиќ, беше пионер во маркетинг бизнисот во поранешна СФРЈ, а потоа и во земјава, со основањето на агенцијата „Идеа Плус“.