Тринаесетгодишно момче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа вo 20:00 часот на крстосница од булеварот Никола Карев и улицата 362 во Скопје.
Како што е наведено во полицискиот билтен, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје, а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
По незгодата , момчето се упатило во неговиот дом, а потоа роднина го однел во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош тоа е пуштено на домашно лекување.
За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.