Претседателот на Туркменистан компонираше божиќна песна (ВИДЕО)

148

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов компонираше божиќна песна, што ја изведе заедно со неговиот 14-годишен внук во една телевизиска емисија.

Композицијата, која Бердимухамедов ја изведи свирејќи на бел клавир, придружуван од неговиот внук на синтисајзер, ги повикува Туркменистанците заедно „да запеат песна за љубовта“.

– Со прекрасната мелодија и нејзините искрени зборови, песната продира во душата на слушателите и врз нив остава силен впечаток – изјави водителот на телевизиската емисија Туркмен Овази најавувајќи ја нумерата.

Песната наречена „Сон“ покрај на туркменски, е снимена и на англиски и германски јазик.

Бердимухамедов ја презеде претседателската функција во 2006 година по смртта на првиот претседател на независен Туркменистан, Сапармурат Нијазов.

Бердимухамедов, слично како и Нијазов, почнува да гради сопствен култ на личноста, па си изгради голем златен кип во главниот град Ашхабад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...