Без струја утре делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров

308

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Козле во општина Карпош, а во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од непарните броеви од бр. 173 до 187 на улицата Антон Димитров во населбата Драчево, во општина Кисела Вода.

Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од улицата Нерешка во општина Ѓорче Петров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...