Стабилно и суво денес и утре

198

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во западните делови умерен западен ветер. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и студено, а само попладне се можни кратки сончеви периоди. Максималната температура ќе се движи од 2 до 11 степени.

Утре ќе се задржи стабилно и суво време, со појава на магла по оделни котлини.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура.

Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...