Мицкоски: Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае на 16 февруари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира за евентуални имиња кои се споменуваат за можни кандидати за претседател.

328

ВМРО-ДПМНЕ, најдоцна до 11 јануари ќе објави оглас за пријавување кандидати за претстојните претседателски избори, а изборната конвенција ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, соопшти претседателот на опозивионата партија Христијан Мицкоски.

Ова, како што изјави Мицкоски, е договорено денеска во Прилеп на седница на Извршниот комитет.

– Огласот ќе трае десеттина дена. Потоа ќе се констатира листата на пријавените претседателски кандидати. Во рок од 15 дена, не подоцна од 15 февруари, ќе трае нивното образложение за визијата за иден пртседател на Република Макеоднија и за политиките кои ќе ги водат, во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку средби со граѓани. Потоа, на 16 февруари, на конвенција, ВМРО-ДПМНЕ, ќе го избере претседателскиот кандидат, односно кандидатот кој ќе ја добие поддршката на партијата на следните претседателски избори –  објаснува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира за евентуални имиња кои се споменуваат за можни кандидати за претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...