Форумот на жени на СДСМ заедно со Црвениот крст и хуманите граѓани денеска во Скопје и во другите градови низ Македонија, ја организира традиционалната хуманитарна акција „Дарувај со срце“.
Се донираше топла облека, обувки и постелнина за граѓаните на кои им е најпотребна во овие студени зимски месеци.
-На овој начин го одбележуваме и Меѓународниот ден на човековата солидарност – 20 декември и даваме скромен придонес во овие предновогодишни денови да внесеме топлина во домовите на бројни семејства.Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помаѓање се вредности на кои се темели социјалдемократијата. Како Форум на жени на СДСМ постојано ги негуваме овие вредности и остануваме посветени на заложбите за обезбедување услови за достоен живот на сите наши сограѓани – изјави Кристина Пеповска во Скопје.
Таа додаде дека паралелно со политиките на Владата за подобрување на условите на живот, политики кои обезбедуваат социјална правда и извлекување од сиромаштија, хуманитарните акции на Форумот на жени ќе продолжат и во иднина.