Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од протестот во Прилеп обвини дека претставници на власта договараат тендери во хотел во источна Македонија. Тој зборувајќи за економската политика на власта рече дека на граѓаните им било ветено враѓање на ДДВ но тоа не се остварило.
-Ама не само што тие пари не завршија кај граѓаните, туку од ден на ден, се повеќе завршуваат во нивните џебови, така што ги зголемуваат даноците и го полнат буџетот. Го укинаа советот за јавни набавки за да може да им врват тендерите во четири очи, да можат полесно да ги договараат провизиите кои што секој граѓанин знае дека се движат од 5 до 15 проценти, а местото на исплата и тоа се знае, еден ресторан и хотел во источна Македонија и не ги интересира дали даноците се зголемени затоа што кај нив игра само „ќешот“ и ништо повеќе „лопови“ и ништо повеќе не се од тоа тие луѓе- рече Мицкоски.
Тој ги повтори шестте барања до премиерот Зоран Заев во кои покрај другото бара оставки за министрите за внатрешни и надворешни работи Оливер Спасовски и Никола Димитров.