Запленети 60 килограми марихуана, уапсени тројца

Полициски службеници кај лицата пронашле и одзеле седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана.

159

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција ноќеска пресекле уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени тројца државјани на Албанија.

Полициски службеници кај лицата пронашле и одзеле седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана.

МВР соопшти дека во 1,40 часот по полноќ на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на село Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. ( 56), Е. Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната.

Во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...