Русковска: Во институциите има пропусти за бегството на Груевски

Обвинителката рече дека јавнста ќе биде информирана за текот на истрагата.

384

Oбвинителката, Вилма Русковска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат зборувајќи за бегството на Никола Груевски и предистрагата која се води за овој случај рече дека се истражува и одговорноста на институциите.

– Мислам дека кај дел од институциите има пропусти, мислам дека станува збор за ненамерни пропусти, барем од она што досега го имаме. Не би коментирала за која инстутиција се работи – рече Русковска.

На забелешката дека бавно оди предистрагата, Русковска кажа дека таков бил впечатокот и за предистрагата за упадот во Собранието, но дека на крај се направил добар предмет.

– Она што досега го имаме собрано ќе биде презентирано пред јавниот обвинител на Република Македонија и би сакале да излеземе со првични информации пред јавноста за она што до сега е сработено и до сега што го имаме – рече Русковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...