СДСМ: Пратениците се доволно привилегирани, дополнителни бенифиции не им се потребни

Од партијата очекуваат секој пратеник, секој избран или именуван функционер да покаже одговорност, особено во контекст на актуелните стратешки текови и да даде позитивен пример во интегративниот процес.

1303

Повластен статус за вработување не смее да има само затоа што некој бил избран или именуван функционер, реагира СДСМ по информацијата дека пратениците подготвуваат нови привилегии за себе.

-Бенефициите треба да им следуваат на граѓаните, а не да се зголемуваат кај оние кои треба да им служат на граѓаните.Токму поради тоа, СДСМ застана и позади предлогот за намалување на патните трошоци за пратениците- велат од СДСМ.

Според партијата, пратениците имаат доволно права и бенефиции кои се одредени со закон и со Деловникот за работа на Собранието.

-Македонија се гради како едно општество за сите и никој не треба да биде привилегиран ниту дискримиран без разлика на работата што ја извршува.Доведувањето во привилегирана позиција на пратениците по престанок на нивниот мандат е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост кон кои се стреми македонското општество- велат од СДСМ.

Од партијата очекуваат секој пратеник, секој избран или именуван функционер да покаже одговорност, особено во контекст на актуелните стратешки текови и да даде позитивен пример во интегративниот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...