Јавниот повик за субвенции за чистење на оџаци е продолжен до 31.12.2018 година, соопшти Град Скопје.
Од Градот ги повикуваат сите правни и физички лица да се пријавуваат на повикот за доделување на субвенции за чистење на оџаци, независно од периодот кога е оџакот исчистен, во текот на оваа календарска година, со валидна документација.
Чистењето на оџакот треба да е извршено од стручно лице вработено во регистрирана фирма за оџачарство.
Јавниот повик за субвенции за чистење на оџаци е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел намалување на аеро-загадувањето и подобрување на животната средина.
Според последните информации досега се исчистени 492 оџаци, што е значително зголемување во споредба со претходната година кога беа исчистени 274 оџаци.