Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла има на патниот правец Тетово – Гостивар, а од 10 до 20 метри на патниот правец Скопје – Тетово.
Видливоста е намалена од 50 до100 метри и на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Демир Капија, Велес – Штип и Велес – Катланово, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, освен на осојничавите места, каде коловозите се влажни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.