Утре, со почеток во 13 часот во ресторанот АРА во Тетово ќе се одржи Aкадемија за протестите од 1968 година во Тетово, под покровителство на Али Ахмети, информира ДУИ.
Демонстрантите на протестите во 1968 против системот на тогашна Југославија барале јавна употреба на албанското знаме, образование на албански јазик, вработување на Албанци во државни институции.