Рускоска: Не би ги амнестирала Бетмен, Дамовски, Дурловски и Јовановски

2313

Обвинителката Вилма Рускоска во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат изјави дека веќе се поставени основите за тоа кој од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април ги исполнува условите за амнестија.

Рускоска е сигурна дека законот ќе ги спаси од затвор пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.

Обвинителката, како што рече, лично смета дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...