Пратеници – ненаситници!

Господа пратеници, кој „генијален“ мозок го измисли ова со новиот пакет на бенифиции што ги барате?! Ние сѐ уште не можеме да се справиме со вашиот легален „грабеж“ преку таканаречените патни трошоци, со вашето неодење на работа, со тоа што барате по 50 евра за изјава, вие веќе одите и уште понатаму!

1524

Многу често сме сведоци како на анкетите нашите сограѓани покажуваат јавна нетрпеливост кон институциите и особено ниска доверба и конкретно негодување кон нашите народни избраници. За моја огромна жал традиционалните политички актери, особено во лицето на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ и нивните миленици, поредени на листите согласно волјата на „вождот“, до максимум со својата работа или мрзелување, глупави политички потези и променливи позиции по клучни прашања за општеството, долеваат дополнително масло во огнот на граѓанското незадоволство.

Господа пратеници, кој „генијален“ мозок го измисли ова со новиот пакет на бенифиции што ги барате?!

Ние сѐ уште не можеме да се справиме со вашиот легален „грабеж“ преку таканаречените патни трошоци, со вашето неодење на работа, со тоа што барате по 50 евра за изјава, вие веќе одите и уште понатаму!

До максимум е компромитиран и исцрпен од содржина овој модел на парламентарна демократија. Сите ние како граѓани очекуваме промена на овој модел. Затоа Граѓанско Демократската Унија-ГДУ близу година апелира за промена на изборниот модел. Избори во една изборна единица, со отворени листи и намалување на бројот на пратениците на 90, по моделот на Словенија.

Но, како што ни ги пласирате вашите очекувања за нови бенифиции мислам дека бројка од 60 е апсолутно доволна.

Почитувани сограѓани, оваа политичка тезга треба да се затвори еднаш засекогаш!

Клучот за тоа е во вашите раце, искористете го!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...