Предност при вработување во јавна админситрација да добијат пратениците на кои ќе им заврши пратеничкиот мандат.
Ова, според неофицијални информации, е дел од нов закон за подобрување на статусот на нардоните избраници по истекот на нивниот мандат.
Работната група за реформи го подготвува законското решение, иако се тврдеше дека ова тело ќе ги подготвува исклучиво законите неопходни за преговори со Европската унија.
Како што јавува, Сител, идејата била на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, а е поддржана од СДСМ и ДУИ и тоа непосредно пред конечното гласање на Уставните измени и законите за кои е потребно двотретинско мнозинство.