Вучиќ-Ципрас: Можна трилатерална средба меѓу Грција, Србија и Македонија

629

Македонија и Преспанскиот договор биле една од темите на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и грчкиот премиер Алексис Ципрас, во рамки на Високиот совет за сорботка меѓу Србија и Грција.

– Преспанскиот договор да се спроведе во дело и Северна Македонија да стане мост на соработка меѓу Србија и Грција. Сакаме да укажеме дека патот кој го отвори Преспанскиот договор е пат што Србија го поздравува и поддржува – рече српскиот претседател на заедничката прес-конференција.

Тој нагласи дека еден од проблемите во поглед на инфраструктурното поврзување меѓу Србија и Грција е железничкиот сообраќај, односно брзите возови, за што уверен е дека заедно со Скопје и со Атина упешно ќе се реши.

– Доколку се се заврши како што денеска договоривме и како што се очекува во врска со спроведувањето на Преспанскиот договор, во наредниот период би можеле да одржиме трилатерална средба меѓу Атина, Скопје и Белград, што ќе има големо значење за нашите земји – изјави Вучиќ.

Грчкиот премиер ги поддржа напорите на Србија за компромисно решение за Косово, оценувајќи дека Грција игра улога на стабилизатор во регионот, што е потврдено со Преспанскиот договор.

– Нема да претерам дека БЈРМ 30 години преставуваше сива зона меѓу Србија и Грција. По Преспанскиот договор таа повеќе нема да биде ѕид меѓу нас, туку мост за поврзување – изјави Ципрас.

Тој, најави можност за нов договор меќу Србија, Грција и Македонија, по ратификацијата на Преспанскиот договор.

– Првиот меѓународен договор кој Грција ќе го склучи со Северна Македонија, ќе биде трилатерален договор меѓу Атина, Скопје и Белград, со кој забрзано би се изградил еден железнички коридор, за поврзување на Солун, Скопје и Белград со Будимпешта – истакна Ципрас оценувајќи дека ова ќе има позитивни влијанија врз развојот на туризмот, економијата, културата во регионот.

На денешната средба покрај инфраструктурното поврзување, двајцата лидери разговараа за енергетиката, стабилноста во регионот и поддршката на европскиот пат на Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...