Град со големина на тениски топки уништи домови и илјадници автомобили во Сиднеј.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат оштетени возила, скршени шофершајбни и снежен пејсаж во текот на австралиското лето.
Хидрометеоролошката служба соопшти дека ова невреме е најлошото во изминатите 29 години.
Службите за итни случаи добија стотици повици во текот на ноќта, а според портпаролот на Државната агенција за вонредни ситуации, Кристофер Ман, станува збор за куќи, кои немаат добри услови за живот.
ФОТО: МИА