Се обновува Финскиот парк во Ченто

128

Реконструкцијата и хортикултурното уредување на Финскиот парк во населбата Ченто е во завршна фаза, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов при увидот на работите во паркот.

Деновиве работиме на реконструкција и хортикултурно уредување на зелената површина од околу 13.000 квадратни метри во Финскиот парк во населбата Ченто. Површината е прекопана, исчистен е шутот, донесена е нова плодна хумусна земја и се подига нов тревник. За прв пат во овој парк е поставена хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки. Поставени се 23 шахти и 145 прскалки за наводнување на зелената површина. За обнова на овој парк се одвоени околу 6,5 милиони денари од Буџетот на Град Скопје, а на терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило – рече Шилегов.

Тој потсети дека годинава Градот Скопје подигнал и реконструирал рекордни 122.838 квадратни метри зелена површина. Есенва биле засадени 3.500 висококвалитетни садници на јавните површини, а приоритет бело обновувањето на дрворедите и подигнувањето нови дрвореди.

– Го зголемивме буџетот за животна средина за 2019 година за 32 насто. Зголемување има и во делот за подигање паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Зазеленувањето останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Ќе ја искористиме пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации – нагласи Шилегов.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...