Во последните 10 години оваа има најмалку жртви во сообраќајни несреќи, рече Стојче Стаменковски, претседателот на РСБСП на средба со новинарите.
– Бројот на жртви на патиштата оваа година не надминува 130. Според ова 2018 е најбезбедната година – рече Стаменковски.
Тој додаде дека подетални информации ќе има во 2019 година.
– Се надевам дека нареднава година бројот уште повеќе ќе се намали и патиштата ќе бидат уште побезбедни – посочи тој на денешниот брифинг.
Стаменковски им се заблагодари на новинарите и кажа дека тие помогнале да се намали бројот на жртвите, за кој рече дека е преполовен во споредба со 2014 а за 30 отсто помал од 2017 година.