Пратеникот Владимир Ѓорчев во неговото гостување во ТВ 21 изјави дека бегството на експремиерот Никола Груевски или е поради неспособноста на МВР и Оливер Спасовски или поради политички договор со Зоран Заев.
– Во врска со тоа бегство мислам дека има две варијанти. Или се работи за неспособност на МВР предводено од Оливер Спасовски, а нормално со доверба од Зоран Заев, или се работи за договор со власта на Заев, кој што е во моментов е главен трговец со правдата во Република Македонија. Или треба да има одговорност, а тоа би значело оставка на Спасовски и структурите во МВР, или се работи за политички договор и тоа граѓаните во Република Македонија треба да го знаат. Огромното мнозинство на граѓанте, а особено поддржувачите на Заев и на СДСМ сметаат дека станува збор за политички договор – изјави Ѓорчев во во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.