Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Лиуџи ди Бјаџо, го повика ветеранот Џанлуиџи Буфон за контролните натпревари со Аргентина на 23 и со Англија на 27 март.
Буфон кој првично најави дека повеќе нема да игра за националниот тим откако „Азурите“ не го поминаа баражот за Светското првенство 2018 година, сепак се најде меѓу повиканите за следните средби.
Ако повикот на искусниот голман на Јувентус е помалку неочекуван, тогаш поканата за 20-годишниот Патрик Кутроне кој ќе има шанса да дебитира за сениорскиот тим на Италија е очекуван со оглед на неговите одлични игри во дресот на Милан.
Деби повик доби и Федерико Киеза од Фиорентина, а го неме Марио Балотели од Ница кој изминатиот период неколкупати изјави дека очекува повик за враќање во репрезентацијата.
ФОТО: EPA/ALESSANDRO DI MARCO